МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување

Од:

Владата денеска на седница го усвои Дополнетиот предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година во кој се вградени одредени реалокации. Дополнетиот предлог се усвојува по завршување на расправата во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет и повторно ќе се достави во Собранието за усвојување на пленарна седница, информираат од Министерството за финансии (МФ).

Со Дополнетиот ребаланс, како што велат, се направени реалокации помеѓу буџетските корисници со цел усогласување на реализацијата со планираните износи до крајот на годината и реализација на приоритетни исплати.

-Со предложените измени, вкупните приходи се проектирани на 374,2 милијарди денари, што е за околу 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. Вкупните расходи се намалуваат за истиот износ и се планирани на 420,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува на ниво од 46,3 милијарди денари, односно 3,9% од БДП. Проекцијата за економскиот раст со предложениот Ребаланс за 2026 година изнесува 4,3% – потенцираат од МФ.

Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година, како што нагласуваат, се со цел усогласување со новите економски услови, остварувањата во текот на годината и реалната динамика на реализација на расходите.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски услови

Димитриеска-Кочоска: Вториот ребаланс не е резултат на проблеми со ликвидноста, туку е навремена реакција за заштита на граѓаните

А1он

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Мерките за горивата ќе го чинат Буџетот 6-7 милијарди, можен нов ребаланс

Собранието го усвоиот ребалансот на Буџетот за 2026 година

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година

А1он