Министерството за дигитална трансформација наложи блокирање на 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Од:

Министерството за дигитална трансформација информира дека до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е доставен нов налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

– Со ова, вкупниот број записи опфатени со досегашните налози за блокирање достигнува 462. Со ова продолжуваат активностите за спречување на нелегалното приредување игри на среќа преку интернет и за ограничување на пристапот до платформи што работат спротивно на законските прописи во државата. Овие мерки се насочени кон заштита на граѓаните во интернет-просторот, вклучително и од ризиците поврзани со споделување лични и финансиски податоци на нелегални платформи за игри на среќа. Посебен акцент се става на заштитата на малолетниците и спречувањето на нивната изложеност на онлајн коцкање – соопшти МДТ.

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

– Апелираме граѓаните да бидат внимателни и да не споделуваат лични и финансиски податоци на непроверени веб-страници. Воедно, ги повикуваме родителите и старателите да посветат дополнително внимание на онлајн активностите на децата и да разговараат со нив за ризиците во интернет-просторот. Министерството за дигитална трансформација продолжува со преземање мерки во рамките на своите надлежности за сузбивање на нелегалното онлајн приредување игри на среќа и создавање побезбеден интернет-простор за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Објекти вредни еден денар, непотполнети работни места, јавни набавки без тендер во Министерството за дигитална трансформација

Катерина Ѓуровски

Владините веб-страници заштитени од критичните PHP-ранливости, не се утврдени знаци на компромитирање

Катерина Ѓуровски

Алиу: Коцкањето претставува сериозен здравствен ризик

Привремено недостапни дел од електронските услуги на порталот uslugi.gov.mk

Забранети дополнителни 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа

Почна аплицирањето за ваучери за студенти за набавка на лаптопи и таблети

Катерина Ѓуровски