ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека одѕивот на гласачите до 18:30 часот на изборите за градоначалник во Брвеница е 52,90 отсто односно дека гласаче 8.595 избирачи.

– Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52,90 %. Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8,33 % – соопштија од ДИК.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18:30 часот се пристигнати три приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас.

Гласачките места во Брвеница се затворени во 19 часот. Се гласаше за кандидатот Стојанче Радичевски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и од Аркин Јахији од ДУИ.

Се очекува по 20 часот ДИК да ги соопшти првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.

Би можело да ве интересира

До 15 часот во Брвеница гласале 40,49 отсто од избирачите, излезноста повисока за над девет процентни поени

Над 4.500 граѓани го остварија правото на глас во Брвеница до 13 часот

Горан Наумовски

Во Брвеница расте интересот за гласање: Излезноста до 11 часот повисока од првиот круг

ДИК: Излезноста во вториот круг од изборите во Брвеница до 9 часот е 3,98 проценти, гласале 646 граѓани

Брвеница денеска избира градоначалник

Горан Наумовски

Гласаа 104 болни и немоќни лица и 8 затвореници на изборите за градоначалник во Брвеница

А1он