Франција: 779 уапсени демонстранти, има повредени полицајци во судирите

Од:

Француското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека во саботата, за време на протестите и прославите за Ноќта на вештерките, низ целата земја биле уапсени 779 лица.

Шефот на париската полиција, Патрис Фор, денеска им се заблагодари на припадниците на безбедносните сили за, како што наведе во објава на платформата „Икс“ (X), нивното „примерно однесување“ за време на вчерашните протести.

Тој нагласи дека на железничките станици во Париз и неговите предградија биле спроведени голем број превентивни контроли, што „овозможило да се спречат поединци, кои имале намера да го нарушат јавниот ред и мир, да се приклучат на протестниот марш“.

„Неприфатливото насилство, предизвикано од мали групи провокатори кон крајот на маршот, за жал, резултираше со повреди кај полицајците и жандармите“, напиша тој.

Според телевизијата БФМ (BFM), денот на мобилизација на 31 октомври поминал главно мирно низ цела Франција, и покрај неколкуте судири меѓу безбедносните сили и насилните поединци.

Според податоците на коалицијата на младински синдикати, во вчерашната мобилизација учествувале речиси половина милион луѓе, додека Министерството за внатрешни работи проценува дека бројката изнесува 320.000.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Франција – хулигани кршеа пињата со ликот на претседателот Макрон

А1он

Француската левица повикува на нов бран протести: „Министерот не е тој што треба да одлучува“

Макрон се обидува да ја смири Франција, полицијата се подготвува за нови немири

А1он

Воведен полициски час во Париз и Лион – уапсени се најмалку 2.400 лица

А1он

1.800 уапсени, 500 полицајци и пожарникари се повредени во немирите во Франција

Горан Наумовски

Почина демонстрант во Париз

Горан Наумовски