МВР информира дека вчера попладне во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ го лишија од слобода Ф.Ц.(26) од Скопје, постапувајќи по претходни пријави дека одзел велосипеди.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
