Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со прибирање докази во истрагата за двете разбојништва со смртни последици извршени во скопските населби Хром и Ѓорче Петров, а за четворицата осомничени денеска ќе биде побаран нов краткотраен притвор во траење од 48 часа.

-Се преземаат дејствија за прибирање докази, јавниот обвинител до судот денеска ќе достави предлог за определување нов краткотраен притвор од 48 часа – информираа од Обвинителството.

Во врска со случајот, на 28 октомври Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле лишени од слобода четири лица – А.С. (22), Х.Е. (20), К.А. (58), сите од Скопје, и М.Р. (26) од Струмица, кои се сомничат за две кривични дела „разбојништво“ со последица смрт, извршени на 22 октомври во Хром и на 27 октомври во Ѓорче Петров.

Од МВР тогаш информираа дека приведувањата биле реализирани во координација со ОЈО Скопје и по издадени наредби од обвинителството, со цел обезбедување и комплетирање на доказниот материјал за натамошната постапка.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?