Осумгодишно девојче е повредено денес откако беше нападнато од волк во зоолошка градина во германската покраина Бранденбург, соопшти полицијата.
Девојчето е пренесено во болница со хеликоптер на итната помош, а во моментот на нападот, покрај неа се наоѓаа уште две деца и вработен во зоолошката градина, пренесе „Шпигел“.
Зоолошката градина, која е во приватна сопственост и се наоѓа на околу 45 километри јужно од Берлин, е привремено затворена.
На веб-страницата на оваа установа се наведува дека, покрај други животни, таму живеат кафеави мечки, рисови, како и сиви и поларни волци.
Во 2016 година, од истата зоолошка градина избегаа два лава, по што следеше голема полициска операција.
