До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

Од:

Дилан Џејмс Браун (24) од Ајова на 9 овој месец беше осуден на 58 години затвор, откако пред една година до смрт го претепа своето дете – девојчето Миа Грин, кое имаше само два месеца – а потоа ја нападна и нејзината мајка.

„Г-дин Браун е висок 188 сантиметри и тежи речиси 160 килограми, а го претепал своето дете до смрт. Ваквите злосторства се бесмислени и несфатливи“, изјави окружниот судија Колман Мкалистер при изрекувањето на пресудата.

Повикувајќи се на судски документи, телевизијата KCCI известува дека Браун ја удри својата ќерка повеќе од 40 пати.

Според сведочењето на патологот, несреќното бебе се здоби со ужасни повреди: скршеници на черепот, карличните коски, ребрата, клучните коски и потколениците.

Кога мајката на девојчето се обиде да го запре ужасното насилство и да го заштити детето, Браун ја удри во главата, а потоа ја давеше сè додека таа не изгуби свест, објави локалниот канал „WHO13“.

Неговите адвокати побараа изрекување на законскиот минимум, оправдувајќи ги постапките на својот клиент со наводни ментални нарушувања и трауматично детство одбележано со семејно насилство.

Би можело да ве интересира

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран