Сопствениците на угостителските и деловните објекти на улицата „Крал Милан“ во Белград ги покриваат излозите со дрвени плочи, во услови на засилено полициско присуство за време на денешните предвремени парламентарни избори во Србија.
Lokali u ograđenom delu Kralja Milana stavljaju zaštitu na staklene izloge. https://t.co/4YMpENfECz
— zoomer (@zoomer_rs) October 25, 2026
Објектите се наоѓаат во близина на зградата на Републичката изборна комисија (РИК) и Претседателството на Србија, каде што се забележани засилени безбедносни мерки.
Пристапот до зградата на РИК е блокиран со полициски огради, а во центарот на Белград се распоредени бројни полициски сили. Зголемените безбедносни мерки доаѓаат во услови на напнатост и пријави за инциденти во текот на изборниот ден.
