Рајан Гослинг го оживува рок-бендот по 17 години пауза

Од:

Холивудскиот актер Рајан Гослинг најави враќање на својот инди-рок бенд „Dead Man’s Bones“, чија нова музика ќе биде објавена следниот вторник, по пауза од 17 години.

Враќањето на бендот беше најавено во видео што на Инстаграм го објави неговата сопруга, Ева Мендес, со пораката: „Го одржа ветувањето“.

Бендот го сочинуваат Гослинг и Зак Шилдс, кои во 2009 година го објавија својот прв и единствен истоимен албум за издавачката куќа „Anti-Records“.

Како што тогаш наведоа, албумот првично требало да биде саундтрак за театарска претстава за љубовна приказна меѓу чудовиште и дух.

Гослинг има музичко искуство уште од времето кога бил член на телевизиското шоу „The All-New Mickey Mouse Club“, во кое се појавувал заедно со пејачите Бритни Спирс, Џастин Тимберлејк и Кристина Агилера.

Би можело да ве интересира

Нетфликс започна со снимањето на третата сезона на „The Gentlemen“, во актерската екипа се Елајџа Вуд, Орландо Блум и Роберт Карлајл

Предраг Петровиќ

ХАОС ВО АВИОН: Познатата актерка ја гризела стјуардесата и се обидела да ја отвори вратата среде лет

(ВИДЕО) Селин Дион падна на сцената пред илјадници луѓе: Нејзината реакција стана хит на мрежите

Македонски тим на олимпијадата по роботика во Јужна Кореја

НАСА објави неверојатна снимка од Марс: Сончевите зраци ги осветлија карпестите врвови

Предраг Петровиќ

На планета надвор од Сончевиот систем првпат забележан радио-сигнал: Што открија астрономите?