Иако медиумите првично објавија дека станува збор за зграда од 12 ката, снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат дека објектот, кој беше во изградба, има дури 18 ката.
Досега е спасена една повредена жена, додека точниот број на лица заробени под урнатините сè уште не е утврден.
На местото на несреќата се наоѓаат припадници на специјалните сили на кениската војска (KDF), полицијата, Националната служба за млади и Кенискиот црвен крст.
Во тек е расчистување на бетонските плочи со помош на тешка механизација и багери, а на терен се присутни и кучиња трагачи.
Гувернерот на Најроби, Џонсон Сакаџа, потврди дека од урнатините „се слушаат гласови на преживеани“ и дека спасувачките екипи се обидуваат да им достават кислород.
Several people are feared trapped after an 18-story building under construction collapsed Friday afternoon in Eastleigh, a high-density commercial and residential suburb of Nairobi, the Kenyan capital. 🙏🇰🇪 https://t.co/7jcTtYUSIp
— Oliver Liu 中国记者在非洲 (@YoloOliver1) October 23, 2026
Во еден момент, полицијата беше принудена да употреби солзавец за да ја растера толпата, со цел да спречи грабежи на околните продавници, како и кражби на метал од урнатините од страна на лица кои собираат отпад – активности што го попречувале пристапот на возилата на итните служби.
Надлежните органи започнаа потрага по сопственикот на зградата за да утврдат дали објектот поседувал соодветни градежни дозволи и одобренија.
Локални претставници и пратеници побараа спроведување независна истрага, поради сомневања за корупција, несовесност и пропусти во надзорот од страна на градежниот инспекторат.
