МВР информира дека вчера попладне во 14:00 часот во СВР Скопје, 24-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од две лица за сума од 117.000 денари.
Според пријавеното, на 21. минатиот месец се сретнала со лицата, при што едниот од нив се претставил како вработен во Катастар, и ѝ ветиле дека ќе ѝ помогнат нејзиното семејство да го откупи и приватизира земјиштето кое го користеле, а кое е во државна сопственост.
Како што е пријавено, таа во неколку наврати на лицето му ги исплатила парите, а потоа во Катастар побарала да ја известат за предметот, по што ѝ кажале дека лицето повеќе од две години не е вработен кај нив и сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
