Температури до 26 степени денеска, во продолжениот викенд врнежливо

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за слаб локален дожд, најпрво во крајните западни делови, а потоа и на повеќе места низ земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од утре до почетокот на следната работна седмица, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а во четврток ќе бидат проследени и со појава на ретки грмежи. Утре и во четврток наместа ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, освен во петок кога ќе биде засилен и од северозападен правец.

Би можело да ве интересира

Сончево со темепратури до 25 степени, утре попладне дожд

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени

Облачно со повремен дожд денеска, во викендот сончево

Дожд до петок, во викендот поубаво време

Облачно со дожд и температури до 16 степени

До вторник облачно со дожд