Доколку утре Барселона го совлада Пари Сен Жермен, тоа ќе биде 100-та победа за германскиот стратег Ханси Флик во само 129 натпревари, со што тој ќе продолжи да испишува една од најуспешните тренерски приказни во историјата на Барселона.
Споредбите со неговите претходници дополнително ја илустрираат големината на неговиот учинок.
На Луис Енрике му беа потребни 126 натпревари за да стигне до 100 победи, додека на Пеп Гвардиола му требаа 139 натпревари за да го постигне истиот број победи.
Начинот на кој Барселона доаѓа до резултатите е особено импресивен.
Каталонците ја започнаа сезоната со 11 последователни победи на официјални натпревари, при што голем дел од тие триумфи беа проследени со убедлива игра и многу голови.
На одредени натпревари тие постигнаа пет, шест, па дури и седум гола. По 11 одиграни натпревари, на своето конто имаат дури 48 постигнати голови.
Токму затоа, дуелот во Париз ќе има многу поголемо значење од самиот јубилеј што Флик може да го оствари.
