1.800 уапсени, 500 полицајци и пожарникари се повредени во немирите во Франција

Од:

Француските власти денеска соопштија дека повеќе од 1.800 луѓе се уапсени, а над 500 припадници на безбедносните сили и пожарникари се повредени за време на протестите во Франција во саботата, кои беа проследени со насилство и немири.

– емонстрирањето е основно право. Предизвикувањето неред преку насилство и на координиран начин – не е, напиша министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез на платформата X.

Тој изјави дека досега се уапсени 1.800 лица и дека во тек се истраги за идентификување на сторителите на овие дела, со цел тие да бидат изведени пред лицето на правдата.

„Повредени се повеќе од 500 полицајци, жандарми и пожарникари“, истакна францускиот министер, додавајќи дека оваа „бројка на повредени, за жал, е само привремена“.

„Материјалната штета е значителна, особено за неколку стотици сопственици на продавници“, посочи тој.

Нуњез изјави дека „Републиката на ниту еден начин нема да попушти пред оние што се обидуваат да наметнат неред и насилство“.

Вечерва во 19:00 часот ќе се состане меѓуминистерски кризен комитет, со кој ќе претседава премиерот Себастиен Лекорну, по насилствата што се случија во саботата, 17 октомври.

На состанокот ќе се разговара за последиците во однос на економијата, трговијата, осигурувањето и правните постапки. Премиерот Лекорну, исто така, ќе се сретне со градоначалниците на Париз, Лион и Марсеј, пренесува „Ле Фигаро“.

Во саботата, низ цела Франција избувна насилство за време на најновиот бран демонстрации против лошите услови во училиштата и високите трошоци за живот.

Француската влада соопшти дека дошло до „ескалација на насилството“, проценувајќи дека околу 550.000 луѓе излегле на улиците во француските градови.

„Или сте во таборот на Републиката – а со тоа и на страната на органите на редот, оние што ги штитат имотот и луѓето и ги спроведуваат законите – или сте на страната на изгредниците“, изјави францускиот премиер Себастиен Лекорну.

Во Париз дојде до жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата за разбивање демонстрации, која употреби солзавец и водени топови против насобраната толпа. Во главниот град и во други француски градови беа подметнати пожари во објекти, вклучително и во Лимож, каде што голем пожар во градското собрание предизвика делумно уривање на покривот.

Француските медиуми известуваат дека во неколку градови дошло и до грабежи, како и до масовен вандализам насочен кон општински објекти и јавни институции.

Би можело да ве интересира

Почина демонстрант во Париз

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Франција: Запален e Филозофскиот факултет, во пожарот уништени се покривот и фасадата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Франција: Фрлени димни бомби, демонстранти упаднаа во полициска станица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицијата испука гумени куршуми за да ја прекине блокадата на средно училиште и трамвајските пруги во Париз

Горан Наумовски