Jакната на Мајкл Џексон од спотот за „Thriller“ оди на аукција – се очекува да се продаде за над 10 милиони долари

Од:

Легендарната црвена кожна јакна на Мајкл Џексон, која тој ја носеше во музичкиот спот за песната „Thriller“, би можела да достигне цена од над 10 милиони долари на претстојната аукција во Обединетите Арапски Емирати, пренесува германскиот весник „Der Spiegel“.

Куќата „Julien’s Auctions“ ги потврди високите очекувања за продажбата на ова култнo парче облека.

Црвената јакна од телешка кожа, со карактеристични црни детали и лента во форма на буквата V, е дизајнирана од Дебра Лендис, сопругата на режисерот на спотот, Џон Лендис.

Овој предмет од поп-историјата веќе еднаш постави рекорд кога беше продаден во 2011 година за 1,8 милиони долари. Интересот за облеката и реквизитите на покојниот „Крал на попот“ дополнително порасна оваа година по премиерата на биографскиот филм „Мајкл“, што создава идеални услови за постигнување нова рекордна цена.

Аукцијата во Абу Даби е закажана за 7 декември, а покрај славната јакна, на колекционерите ќе им бидат понудени и други вредни предмети од кариерата на Џексон.

Меѓу нив е и белата ракавица со светки, која тој ја носеше за време на историската прва изведба на „месечевото чекорење“ (moonwalk) за време на песната „Billie Jean“, на прославата на дискографската куќа „Motown“ во 1983 година. Таа последен пат беше продадена во 2009 година на бизнисмен од Хонгконг за 430.000 долари, додека нејзината нова вредност се проценува на околу 800.000 долари.

Исто така, два пара чевли на пејачот се проценуваат на сума помеѓу 60.000 и 80.000 долари, а папучите од спотот за „Thriller“ се проценуваат на вредност меѓу 30.000 и 50.000 долари.

Би можело да ве интересира

Вредни парчиња накит од Клаудија Кардинале на аукција

Предраг Петровиќ

Елек за спасување од „Титаник“ продаден за 906.000 долари

А1он

Златна тоалетна школка продадена на аукција за над 12 милиони долари

А1он

Брошот што Наполеон го загуби по Битката каj Ватерло оди на аукција

А1он

Присила Присли: Мајкл Џексон се ожени со мојата ќерка само поради наследството на Елвис!

А1он

Виолина од 1714 година продадена за 11,25 милиони долари

А1он