Кличко: Путин најмногу би сакал да го напуштиме Киев

Од:

Градските власти на Киев не ги повикуваат жителите да го напуштат главниот град, но ги разгледуваат сите можни сценарија за развојот на настаните поради зачестените руски напади, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во емисијата „Киев 24“.

Според него, главниот град се подготвува за различни можни сценарија во текот на зимата, земајќи ги предвид редовните предупредувања за воздушни напади и нападите од руските сили.

– Во никој случај не повикувам на тоа. Всушност, само Путин го очекува тоа – да ги спакуваме куферите, да заминеме некаде и да му ја препуштиме територијата. Затоа што нему не му требаме ние, Украинците; нему му треба територија. Но, ние, како градски власти, ги разгледуваме сите можни сценарија, дури и оние лошите што би можеле да се случат. Исто така, ги повикуваме луѓето да размислат и да ги пресметаат различните сценарија – нагласи Кличко, пренесе TSN.

Тој додаде дека Киев постојано се подготвува за зимата и дека сите топлани се речиси подготвени за почетокот на грејната сезона.

Покрај тоа, комуналните служби го зајакнуваат енергетскиот систем на главниот град и планираат до крајот на годината да пуштат во употреба резервен систем за греење, кој би функционирал во случај на оштетување на главниот систем.

– Но, што и да правиме, да бидеме искрени – сè зависи од противвоздушната одбрана. За жал, доколку не запрат нападите со балистички ракети и дронови врз Киев, ќе има уништување, без оглед на тоа колку добро ќе се подготвите – заклучи градоначалникот.

Би можело да ве интересира

„Њујорк тајмс“: Затворањето на мостовите во Киев може да создаде „логистички кошмар“ за цела Украина

А1он

Путин: Русија беше подготвена да ги продолжи преговорите, но Киев се обиде да ја нападне Москва

А1он

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди украински манастир – загина свештеник

А1он

(ВИДЕО) Двajца загинати и шестмина повредени во напад со украински дронови во Московскиот регион

А1он

Мелони: Италија има јасен став за Украина, Москва покажува нервоза

А1он

(ВИДЕО) Загина уште еден руски генерал

А1он