Уапсен е австриски државјанин на „Табановце“, во неговото возило е пронајдено оружје

Од:

МВР информира дека вчера попладне во 18.00 часот на Граничен премин „Табановце“, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода П.Р.(62) од Австрија.

Како што информираат, при гранична контрола и преглед на возило кампер „фиат“ со приколка со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени еден гасен пиштол, еден револвер, пакување со 90 дијаболи и пакување со 22 иницијативни каписли.

За настанот е запознаен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

12 возачи уапсени за безобѕирно возење

А1он

Уапсен е 20 годишник од село Палатица – кај него најдени 15 пакувања марихуана

А1он

Уапсени шест малолетници во центарот на Скопје – краделе пари од врсници

А1он

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Украдениот хеликоптер од Австрија детектиран во Хрватска: сопственикот бара помош во потрагата