Во СВР Скопје синоќа во 22:50 часот било пријавено дека 25-годишна жена била пресретната во Шуто Оризари од нејзиниот поранешен невенчан сопруг Е.К. (25), кој претходниот ден избегал од Затворот во Струмица.
Според пријавеното, Е.К. физички ја нападнал жената со тврд предмет, а потоа насилно ја одвел со себе.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
