Од лидер до ментор: Flex Group Leadership Academy продолжува со вториот дел од програмата

Од:

Flex Group продолжува со вториот дел од својата осуммесечна програма ставајќи фокус врз развојот на лидерските и менаџерските капацитети преку градење на емоционална писменост и примена на менторски стилови.

Во рамките на овој модул, Верита Акташ, ја одржа обуката „Емоционална интелигенција и тренинг вештини за ментори“, на која учесниците работеа на теми што се дел од секојдневието на секој менаџер и тоа: како личните емоции влијаат врз начинот на кој комуницираме и носиме одлуки, како се препознава она што се случува во тимот и како се води разговор со цел развој на вработениот.

Еден од главните фокуси беше емоционалната писменост. Притоа учесниците истражуваа како тие влијаат врз односите, врз реакциите при работа под притисок, врз комуникацијата и на крајот, врз начинот на кој се водат луѓето, наместо досегашното сфаќање дека емоциите треба да останат надвор од работното место.

Вториот дел беше посветен на менторството како пристап во развојот на луѓето. Преку активно слушање, поставување на отворени прашања и ненаметливо насочување на вработениот кон самостојно наоѓање на решение и нови идеи, лидерите се стекнаа со нова алатка за развивање на потенцијалите на својот тим. Преку GROW моделот, учесниците вежбаа како разговорот 1 на 1 со член на својот тим може да се помести од: „Еве што треба да направиш“ кон: „Како ти самиот да дојдеш до нови идеи, предлози и пристапи кон секојдневното работење?“.

Токму тоа е и идејата на Flex Group Leadership Academy – лидерството да се развива континуирано, преку знаења и вештини применливи во секојдневната работа затоа што доброто водење, не значи секогаш да го имаш одговорот, туку да знаеш да слушаш и да го поставиш вистинското прашање.

ПР текст

 

Би можело да ве интересира

Две години НАН: Зад секој долг стои приказна што бара решение

Свечено отворен продажниот салон на Kave Home претставен од Flex Home во Македонија

Flex Credit и емисијата „Срце на дланка“ четврта година по ред опремуваат домови за 20 социјално загрозени семејства

Flex Credit ги награди најдобрите: повеќе од 30 ваучери за патување како признание за посветеноста и постигнатите резултати

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар