Украински дронови во текот на ноќта извршија масовен напад врз Московската област, при што, според информации од руски и независни извори, било погодено производно-диспечерското одделение „Володарск“ во близина на селото Константиново.
💥 Moscow region under massive UAV attack. Attack drones enter the region from different directions at once. https://t.co/SQauxEnHUS
— MAKS 26 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) October 5, 2026
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека кон главниот град летале најмалку 650 украински дронови. Според него, противвоздушната одбрана уништила 105 дронови при приближувањето кон Москва, додека повеќето биле соборени на поголема оддалеченост.
Снимките од Константиново, кое се наоѓа на околу 40 километри од центарот на Москва, покажуваат пламен и густ чад од објектот „Володарск“. Локацијата е оддалечена околу 450 километри од украинската граница.
BIG DEVELOPMENT
UKRAINIAN DRONES HAVE ATTACKED THE MOSCOW OIL REFINERY TODAY
🇺🇦🇷🇺‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️‼️ https://t.co/1XaxsHtKRf
— WW3 Monitor (@WW3_Monitor) October 6, 2026
Независниот руски медиум „Астра“ објави дека „Володарск“ е најголемото складиште за нафта во Московската област, со годишен капацитет од околу три милиони тони нафтени деривати. Објектот преку цевководи е поврзан со главните аеродроми во поширокиот регион на Москва.
Украина редовно изведува напади врз руската воена и енергетска инфраструктура, со цел да ги намали руските капацитети за водење на војната. Украинското Министерство за одбрана на 4 октомври објави дека со таквите напади биле онеспособени повеќе од 51 отсто од руските капацитети за преработка на нафта.
Во исто време, Русија продолжува со нападите врз украинските градови и цивилната инфраструктура. Во доцните вечерни часови на 5 октомври беше нападнат Киев, а по дејствувањето на противвоздушната одбрана, остатоци од соборен дрон паднаа во станбена населба во областа Печерск.
