Александар Вучиќ му го честиташе роденденот на рускиот претседател Владимир Путин и му се заблагодари за зборовите на поддршка што рускиот лидер неодамна му ги упати.
„Ваша Екселенцијо, Ве молам прифатете ги моите срдечни честитки по повод Вашиот роденден. Ја ценам поддршката што неодамна ми ја упативте лично, но и поддршката што Руската Федерација ѝ ја дава на Република Србија и на нејзините интереси во меѓународните организации. Уверен сум дека во иднина ќе продолжиме да ги зајакнуваме односите меѓу Србија и Русија, засновани на меѓусебна почит, разбирање и традиционално пријателство меѓу нашите народи, како и дека со заеднички напори ќе придонесеме за натамошно унапредување на соработката во областите од заеднички интерес“, наведе Вучиќ во честитката.
