Студено утро, релативно топло преку ден

Од:

Времето денеска ќе биде ведро и студено наутро, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Според најавите од УХМР, и во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време.

Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.

Би можело да ве интересира

Топло во следните денови, УХМР најавува температури до 29 степени

Сончево со мала облачност и темепратури до 26 степени

Сончево со температури до 26 степени

Сончево и топло со температури до 26 степени

Променливо време со ниски утрински температури

Променливо облачно време со сончеви периоди

А1он