Видео снимка привлече големо внимание во Грција.
На ТикТок беше објавено видео на кое се гледа автомобил кој се движи со брзина од околу 310 километри на час.
Според информациите на грчките медиуми, видеото е снимено на автопатот „Егнатија“, во поширокиот регион на Солун.
Грчката полиција работи на идентификување на возачот.
На видеото се гледа автомобил „BMW“ како достигнува брзина од приближно 310 километри на час.
Случајот предизвика бројни реакции во јавноста поради исклучително високата брзина со која се движи автомобилот. Ваквото однесување на патиштата претставува сериозен ризик не само за самиот возач, туку и за останатите учесници во сообраќајот.
