(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

Од:

Во раните утрински часови противпожарната служба доби повик поради пожар што избувна во кафуле лоцирано во приземјето на станбена зграда во Неа Јонија, во Грција.

Пожарот избувна во кафуле на улицата „Кастамонис“ и се прошири на трите ката погоре, објавија грчките медиуми.

„Спиев кога избувна пожарот; со сопругот излеговме на балконот. Ги известив станарите и излеговме низ влезот. Имаше оган од левата страна, па минавме низ пламенот“, раскажа една станарка на зградата, во која, според неа, има 15 станови.

Според сведоштвата, пред да избувне пожарот, се слушна експлозија од приземјето на зградата, а припадниците на противпожарната служба истражуваат дали таа е предизвикана од плинска боца или од подметнат пожар.

Осумнаесет пожарникари, кои пристигнаа со пет возила и специјално возило со скала и хидраулична платформа, мораа да евакуираат неколку лица од зградата.

Треба да се напомене дека во февруари 2023 година, во истото кафуле каде што избувна пожарот, се случи крвав инцидент со пукање во кој загина едно лице.

Тогаш, 37-годишен маж со албанско потекло беше смртно ранет од куршуми испукани од негов сонародник, по расправија со други луѓе.

Би можело да ве интересира

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

А1он

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари обвинети за убиство со евентуална умисла

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат