СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Од:

СДСМ соопшти дека добил барање за јавно извинување и повлекување на изјави од адвокатот Божидар Милошевиќ, кој го застапува Шефшет Демировски и АТС Груп ДООЕЛ Скопје. Од партијата велат дека во документот е наведен рок за постапување и најавена можност за поднесување тужба.

„Писмото не ги негира фактите што ги рековме. Го менува контекстот“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата се повикуваат на американскиот регистар FARA и на текст на БИРН, при што тврдат дека во FARA е наведено оти Mercury ја плаќа АТС Груп со 130.000 долари месечно, односно околу 1,56 милиони долари годишно.

СДСМ наведува и дека на 2 април 2026 година била предадена презентација со наслов „Стратешко партнерство САД–Северна Македонија“, во која, според партијата, се споменува „пакет влада со влада“ и името на премиерот Христијан Мицкоски.

Во соопштението партијата се повикува и на текст на БИРН за Демировски, во кој се наведува дека тој во 2019 година бил уапсен во Белград под сомнение за поткуп поврзан со податоци за муниција од „Први партизан“. Според СДСМ, предметот во 2022 година завршил со опортунитет по уплата од 250.000 евра.

Од партијата нагласуваат дека Демировски не бил осуден во предметот за шверц на кокаин, но додаваат дека во тој случај биле опфатени други лица.

СДСМ во соопштението наведува и дека на 27 март 2025 година, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за одбрана Владо Мисајловски присуствувале на потпишувањето на договорот меѓу АТС и МКЕ.

Од партијата велат дека нема да се извинат и дека нема да ги повлечат своите наводи, ниту текстот на БИРН и податоците од FARA.

„Наместо извинување, ќе се обратиме до FARA и членови на Конгресот на САД што вршат надзор“, соопшти СДСМ.

Од партијата најавуваат дека до американските институции ќе упатат прашања за пријавувањето на лобистичките активности, односно дали, како што наведуваат, лобирањето било правилно пријавено и какви контакти биле остварувани во врска со посетата во септември.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ