Преку едукација и превенција до поголема свесност за одговорното играње игри на среќа

Од:

Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија, преку иницијативата „Играј одговорно“, континуирано ги унапредува активностите насочени кон превенција, рана интервенција и психо-социјална поддршка за лицата кои се соочуваат со проблематично играње игри на среќа.

Иницијативата  „Играј одговорно“ функционира преку мрежа на советувалишта во Скопје, Куманово, Прилеп и Радовиш, со што се обезбедува стручна поддршка за граѓаните и нивните семејства.

Советувалиштето во Радовиш започна со работа во април годинава, дополнително проширувајќи ја мрежата и опфатот на оваа иницијатива.

Проектот „Играј одговорно“ се реализира од 2019 година, со јасна цел, навремена превенција, советување, поддршка и рехабилитација на лицата погодени од проблематично играње.

За Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија, одговорното приредување игри на среќа не е само принцип, туку долгорочна определба и интегрален дел од корпоративната одговорност на компанијата. Затоа,  континуирано инвестираме во едукација, превентивни програми, советување и механизми за поддршка, со посебен фокус на препознавањето и намалувањето на ризиците поврзани со проблематичното играње.

Со проширувањето на мрежата на советувалишта низ Македонија, ДВЛМ ја потврдува својата лидерска позиција во областа на одговорното играње и испраќа јасна порака: одговорноста е дел од начинот на кој компанијата работи, континуирано, системски и со грижа за заедницата.

ИГРАЈ ОДГОВОРНО. БИДИ ИНФОРМИРАН. ПОБАРАЈ ПОДДРШКА.

Би можело да ве интересира

ВЛТ навива: Вардар против Нант, нов европски предизвик за „црвено-црните“

Нов месец, нови добитници и повеќе од 63 милиони денари исплатени на ВЛТ играчите

А1он

Вардар со трофеј ја отвори новата сезона

А1он

Видеолотарија Касинос Австрија партнер на меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“

30 нови милионери во Јули: Видеолотарија Касинос Австрија исплати над милион евра за ВЛТ Џекпот добивки

Горан Наумовски

РК Вардар 1961 со нов дрес – златниот сјај на историјата и новите победи

Горан Наумовски