Од земјите во ЕУ горивото најмногу поскапи во Бугарија – 34,5 отсто

Од:

Во август оваа година, цените на горивото во Европската Унија беа повисоки отколку во истиот месец минатата година, соопшти денеска Евростат.

Во 26 од 27-те земји-членки на ЕУ, цените на горивото во август годинава беа повисоки отколку во август минатата година.

Годишниот раст на цените во август беше повисок отколку во јули во 26 земји на ЕУ, а повисок отколку во јуни во 24 земји.

Во август оваа година, во споредба со август минатата година, 18 земји на ЕУ забележаа раст на цените од над 20 проценти.

Највисок раст од 34,5 проценти е забележан во Бугарија, по што следат Литванија со 28,8, Финска со 27,6, Германија со 27,5 и Франција со 27,4 проценти.

Најмал раст на цените е забележан во Унгарија (1,3 проценти), Шведска (6,1 процент) и Ирска (11,7 проценти).

Би можело да ве интересира

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он

Уапсени две Бугарки во Крагуевац – крадеа паричници

А1он

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија