На Граничниот премин „Ќафасан“, завчера полициски службеници го уапсија Ф.Ш.(38), кој при гранична контрола приложи фалсификувани документи, со кои се претстави како италијански државјанин.
Околу 17:30 часот, при излез од Македонија со патничко моторно возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, од страна на полициски службеници е извршена гранична контрола, при што било констатирано дека лицето приложи фалсификувани документи – патна исправа, возачка дозвола и лична карта.
По консултација со јавен обвинител, против лицето е поднесена кривична пријава по член 378 од Кривичниот законик – „фалсификување исправа“.
