(ВИДЕО) Двajца загинати и шестмина повредени во напад со украински дронови во Московскиот регион

Од:

Две лица загинаа, а шестмина се повредени во напад со украински дронови врз Московскиот регион, соопшти гувернерот Андреј Воробјов.

Избувнаа пожари во неколку станбени згради и во еден магацински комплекс, а оштетени беа и приватни куќи и возила.

„Во текот на ноќта, Московскиот регион беше изложен на масовен напад со дронови. Во периодот од 3:00 до 5:00 часот наутро, силите за противвоздушна одбрана и средствата за електронско војување соборија и неутрализираа 249 дронови во 17 окрузи“, соопшти денеска гувернерот на регионот, Андреј Воробјов.

Во населбата Софија, дрон падна врз трикатна зграда, при што загина една жена, додека тројца возрасни и две деца беа повредени.

Еден маж настрада во пожар што ја зафати неговата куќа во округот Орехово-Зуево.

Избувна пожар на покривот на зграда од 21 кат во Раменское, поради што беа евакуирани околу 400 луѓе, меѓу кои и 70 деца.

Оштетени беа и 20 автомобили.

Би можело да ве интересира

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

Мелони: Италија има јасен став за Украина, Москва покажува нервоза

А1он

(ВИДЕО) Загина уште еден руски генерал

А1он

(ВИДЕО) Русите погодија трговски центар полн со луѓе – најмалку четворица загинаа

А1он

Британец со руски шпиони планираше саботажи во фабрики за дронови во Англија

А1он

Русите со дрон ја погодија зградата на украинската телевизија во Киев – петмина повредени

А1он