Африм Гаши за пресудата во Хаг: Слободно Косово беше најтешката битка, а тие победија

Од:

„Ниту една пресуда не може да го негира фактот дека Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими се дел од славното поглавје во историјата на Косово. Во време кога слободата на Косово, како и мирот и стабилноста во регионот, сè уште беа идеал за кој требаше да се бори, тие имаа храброст да се вклучат и да ја преземат историската одговорност за носење слобода на својот народ“ напиша на Фејсбук претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши.

Во неговиот пост вели „за албанскиот народ, тие се и остануваат ослободители на Косово. Војната на ОВК, жртвите и несебичноста на оние што ја предводеа и беа нејзин дел, го претставуваат патот што доведе до слободата на Косово и до нова ера на мир и стабилност во регионот. Денешната пресуда е од прв степен, бидејќи борбата за правда продолжува“.

„Затоа, денес е денот да застанеме заедно, со достоинството на тишината, и да посведочиме дека нашите мисли и срца се со ослободителите и нивните семејства. Бидејќи слободното Косово беше најтешката битка, а тие победија. Бидејќи слободното Косово е сведоштво за таа генерација што се осмели да сонува за слобода, а воедно и утеха што треба да нè одржи силни пред денешната одлука и другите предизвици“ – вели Гаши.

Би можело да ве интересира

Предвремени избори нема да има, тврди Гаши

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

ВИДЕО: Гаши го тргна од дневен ред спорниот предлог-закон за „Скопје 2028“

Гаши: Да се разјасни случајот со постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан

Горан Наумовски

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи