Загина британски војник во Украина

Од:

Припадник на британските вооружени сили загина во сообраќајна несреќа во Украина, потврди Министерството за одбрана на Велика Британија.

Семејството на загинатиот е известено за инцидентот и „побарало одреден период на одложување пред да се објават дополнителни детали“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Инцидентот, кој се случи во саботата, не бил резултат на непријателско дејствување, дознава Би-би-си.

Британската влада претходно потврди дека мал број припадници на британските вооружени сили се наоѓаат во Украина за да ги поддржат украинските вооружени сили и да обезбедат заштита на дипломатскиот персонал.

Не е познато во кој род на војската служел загинатиот, ниту каква била неговата улога.

Министерот за одбрана Вес Стинг упати „најдлабоко сочувство“ до неговите блиски, пишувајќи на социјалните мрежи: „Ова е многу тажна вест за семејството и за сите припадници на нашите вооружени сили кои тагуваат заедно со нив“.

Дваесет и осумгодишниот падобранец, кој загина во декември додека набљудуваше тестирање на нов одбранбен капацитет далеку од линијата на фронтот, беше првиот припадник на британските вооружени сили што загинал во Украина откако Русија ја започна инвазијата во 2022 година.

Во неделата, руско беспилотно летало погоди и оштети воз во Јаходин, во близина на украинско-полската граница, кратко откако поранешниот британски премиер Борис Џонсон и високи европски безбедносни претставници поминале низ таа област со друг воз, по истата железничка линија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дали украинскиот државен обвинител побегна од земјата сред ноќ со службено возило?

А1он

Лидерката на АФД предупреди: Ќе престанеме да ја финансираме Украина и ќе бараме надомест, ќе го преиспитаме државјанството на Сиријците

(ВИДЕО) Русија повторно го нападна Киев: Погодена е деветкатница, има повредени

Крвав напад во Суми: Загинаа момче и девојка, над 20 лица се повредени

„Политико“: Вашингтон молчи додека Британија и сојузниците воведуваат санкции за израелските доселеници

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“