Даниел Малдини даде гол за гостинска победа на Каљари, па предизвика сообраќајка возејќи пијан

Од:

Даниел Малдини, синот на легендарниот италијански фудбалер, Паоло Малдини, учествуваше во сообраќајна несреќа во Милано, само неколку часа откако го постигна победничкиот гол за Каљари против неговиот поранешен клуб Аталанта во Бергамо.

Несреќата се случи во неделата, околу 5:15 часот наутро, во северниот дел на Милано.

Малдини управуваше со „порше карера“, а според првичните информации од италијанската полиција, во автомобилот со него имаше уште тројца пријатели.

Во несреќата учествуваа два автомобила и вкупно шест лица. Сепак, никој не се здоби со сериозни повреди.

По судирот, Малдини беше пренесен во болницата „Фатебенефратели“ на дополнителни прегледи, но набрзо е пуштен дома.

Неговиот адвокат Данило Буонџорно потврди дека 24-годишниот фудбалер не претрпе сериозни повреди и дека се врати дома.

Сепак, проблемите за Малдини не завршија тука.

Полицијата го подложи на алкотест. При првата проверка, нивото на алкохол во крвта изнесуваше 0,91 промили, а при втората 0,89, додека законската граница во Италија е 0,5 промили.

Поради тоа, веднаш му беше одземена возачката дозвола и беше пријавен за возење под дејство на алкохол.

Италијанските медиуми исто така наведуваат дека прелиминарниот тест за присуство на опојни супстанции покажал позитивен резултат. Конечен заклучок за ова ќе биде можен дури по добивањето на резултатите од подеталните токсиколошки анализи извршени во болницата.

Во саботата навечер, Каљари гостуваше кај Аталанта и победи со 2:1, а токму Малдини го постигна одлучувачкиот гол од пенал. Тоа беше негов втор гол на два последователни натпревари во Серија А.

Тој не го прослави голот постигнат против својот поранешен клуб.

По натпреварот, Малдини доби дозвола од Каљари да остане во Милано и требаше да му се приклучи на тимот на тренинг во понеделник.

Би можело да ве интересира

Потроши сто милиони евра, претрпе три порази, па следуваше отказ

А1он

Италијанците најдоа нов селектор – се враќа човекот што даде отказ по поразот од Македонија

А1он

Гвардиола побара 20 милиони евра годишно за да биде селектор на Италија – Пирло прифати за 13 пати помала плата

А1он

Гатузо го напушта кормилото на „Аѕурите“

А1он

Гатузо: Тешко е да се носи дресот на Италија

А1он

Суспензија од два натпреварa за Горан Пандев