На Италија ѝ е потребен нов почеток за националниот тим, а се очекува тоа да го постигне Роберто Манчини – човек кој веќе имал успех со оваа екипа.
Роберто Манчини ќе се врати и повторно ќе ја преземе селекторската функција во Италија. Тој ја извршуваше таа должност од 2018 до 2023 година, а по неговото заминување, „Аѕурите“ не личеа на националниот тим што четирипати бил светски првак.
Манчини ѝ ја донесе последната титула на Италија со освојувањето на Европското првенство во 2020 година, а во меѓувреме двапати го освои и третото место во Лигата на нации.
Манчини поднесе оставка по поразот од Македонија во полуфиналето од баражот за Светското првенство во 2022 година.
