Доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски навистина сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, може да дојде во Москва – поканата за него останува отворена, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Одговарајќи на изјавата на Зеленски дека е подготвен да се сретне со Путин на претстојниот самит на Г20 во САД, Песков рече дека Путин претходно го покани Зеленски на средба во Москва и додаде дека сè уште не се знае дали Путин ќе патува на самитот на Г20, пренесува „Спутник“.
„Мислам дека сите се поканети, освен, за жал, Јужна Африка. Но, за тоа не се ни разговараше. Работата се одвива на експертско ниво. Нашите експерти исто така постојано работат на документи за претстојниот самит. Со други зборови, сè тече вообичаено. Што се однесува до можноста Путин да патува, за тоа прашање воопшто не сме разговарале“, рече Песков и наведе дека Путин и Трамп неодамна разговарале телефонски, „срдечно и конструктивно“.
