„Политико“: АфД пред историска победа – Мерц се соочува со „политичко понижување“

Од:

Претстојните покраински избори во Саксонија-Анхалт не нудат поволен исход за германскиот канцелар Фридрих Мерц, само „различни степени на политичко понижување“, објавува Политико.

Според најновата анкета на јавното мислење, Алтернатива за Германија (АфД) би можела да освои 41 процент од гласовите на изборите во недела, додека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Мерц се предвидува да освои само 23 проценти. Левицата има 11,5 проценти, Социјалдемократите 8,5 проценти, а Зелените шест проценти, според анкетата на Форшунгсгруппе Вален за ЗДФ. ЗДФ вели дека апсолутното мнозинство за АфД е малку веројатно, но дека партијата е во убедливо водство.

Таквиот резултат би покажал колку АфД ја консолидирала својата позиција во источна Германија и колку ги истиснала партиите што со децении беа ‘рбетот на германскиот политички систем.

Особен удар за Мерц би била можноста АфД да освои доволно места за сама да формира покраинска влада. „Политико“ проценува дека во тој случај, германскиот канцелар би се нашол на „неславно место“ во повоената историја на земјата – како национален лидер за време на чиј мандат партијата што водечките германски медиуми и политичари ја класифицираат како крајно десничарска, за прв пат постигна вистинска извршна власт во една држава.

Сепак, сценарио во кое АфД ќе победи, но ќе остане без апсолутно мнозинство, не би било поволно ниту за канцеларот. Бидејќи ЦДУ и другите традиционални партии одбиваат да соработуваат со АфД, широка коалиција од демохристијаните, левицата, социјалдемократите и Зелените би можела да биде неопходна за формирање влада.

Таквиот сојуз на идеолошки многу оддалечени партии, чија главна заедничка цел би била да се спречи АфД да ја преземе власта, дополнително би ги зајакнал тврдењата на партијата дека целиот политички естаблишмент се обединува против неа.

Изборите исто така ќе бидат директен тест за стратегијата на Мерк кон АфД. Канцеларот го базираше своето доаѓање на власт на ветување дека ќе го запре растот на партијата и ќе ги врати конзервативните гласачи кои се собраа кај неа, особено со заострување на нејзината имиграциска политика. Убедливата победа за АфД би покажала дека овој пристап не ги дал очекуваните резултати.

Според анкетите, АфД би можела да освои двојно повеќе гласови отколку на изборите во 2021 година, додека ЦДУ се соочува со загуба од околу 14 процентни поени. Партијата на Улрих Зигмунд моментално има водство од 15-20 процентни поени пред христијанските демократи, што го прави гласањето во Саксонија-Анхалт еден од најважните политички тестови во Германија во последните години. Ројтерс, исто така, објави дека победата би можела да го означи првото доаѓање на АфД на власт во германска покраина.

Зголемувањето на популарноста на AfD претходно ја поттикна поранешната канцеларка Ангела Меркел да упати јавен повик за „одбрана на демократијата“. Нејзината кампања дополнително ја демонстрираше важноста што германската политичка елита ја придава на изборите во Саксонија-Анхалт, чиј исход би можел да ја одреди иднината на владата на Мерц во Берлин.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Русија и Германија дополнително ги заоструваат односите: германски дипломат повикан во Москва

Москва негира вмешаност во инцидентот во Лајпциг, Путин ја обвини Германија за подметнување докази

Германија на удар од нова саботажа: Напад во близина на Келн

Медведев: „Измислена саботажа“ е обвинението против Русија за нападот на аеродромот во Лајпциг

Горан Наумовски

Експлозија на железничка станица во Германија, најмалку двајца повредени

Горан Наумовски