Кошаркарскиот тренер Антонио Савески е возачот кој загина во несреќата на патот Охрид-Кичево

Од:

Кошаркарскиот тренер Антонио Савески (33) е лицето кое синоќа го изгуби животот во сообраќајната несреќа на патот Охрид – Кичево. Тој беше познат како тренер во младинските категории. Според МВР, Савески со возилото удрил во кучиња скитници, а потоа и во металните браници на патот, при што автомобилот се запалил.

Откако бил изгаснат пожарот, било пронајдено телото на починатиот возач и испратено на обдукција и за утврдување на идентитетот.

Савески e поранешен тренер на ГКК Охрид, каде што ги започнал своите тренерски чекори, а од него се простија и од Водно Санс, каде што бил долгогодишен тренер и вработен.

„Пред сè другарчина, страствен како човек и тренер, но и на светско ниво познат колекционер на дресови“, порачаа од Водно Санс.

„Ќе ни фалиш на сите до еден Тонка. Слава му“, стои во нивната порака.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Србија – има загинати, возило комплетно изгоре

А1он

Загинаа двајца полицајци и пет момчиња во тешка сообраќајка во Англија

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Свети Николе – повреден е мотоциклист

А1он

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски