(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Од:

Додека владата на Мицкоски трупа нови долгови – 4 милијарди евра на грбот на народот, спроведува криминални тендери на најјако. Денеска АКТ објавува нова бомба, нов скандал. Да видат граѓаните, дека дигитална трансформација на министерот Стефан Адноновски е всушност трансформирање на тендери! Фирмите се трансформираат ама актерите и шемите остануваат исти. А парите? Е парите најмногу се трансформираат, од илјадници во милиони евра. АКТ ги фати на дело. Ова е продолжение на скандалот кој веќе го објавивме – тоа се тендерите на фирмата „Матео Дизајн“, на сопругот на државната секретарка Клинчарова, Мартин Клинчаров вредни 50 илјади евра. Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за овој случај, и тука застана. ДКСК застана ама АКТ не застанува. Затоа што и тендерите во Министерството за дигитална трансформација не застануваат,изјави Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.

– АКТ денеска обелоденува како оваа семејно-тендерска мрежа не само што продолжила, туку драматично се покачила, во вредност, во пари. 1,5 милиони евра! Да добро ме слушнавте, 1,5 милиони евра, народни пари. Бидејќи директното доделување на државни пари кон сопругот на Клинчарова станало премногу ризично по отворањето на првата афера, екипата вовела новитет. Андоновски склучува три нови милионски договори со фирмата „Нома систем солушнс“, подружница во Скопје. Станува збор за тендери за одржување на Системот за управување со документи вреден, софтвер за регистар на имот и софтвер за испити. 1,5 милиони евра. Клучното прашање е кој стои зад оваа фирма?

Како управител на фирмата се јавува извесен Владимир Симовски. Истиот тој Владимир Симовски е поранешен директен бизнис партнер и косопственик токму со Мартин Клинчаров (сопругот на државната секретарка) во фирмата „СВАГ ФУД ДОО Скопје“. За скандалот да биде уште поочигледен, сопственички удел во оваа компанија има и фирмата „Матео Дизајн“, која е во сопственост токму на сопругот на Клинчарова. Трансформацијата во министерството на Адноновски кон „Нома солушнс“ и партнерот на Клинчаров е со една и единствена цел – да продолжат семејно-тендерските врски и да се испумпаат државните пари кон луѓе блиски. А сето тоа да се сокрие од очите на јавноста по избувнувањето на првиот скандал!

Нема криење од АКТ нема бегање од одговорност. Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Откако заспавте и сѐ уште не го затворивте првичниот предмет кој го оформивте пред повеќе од една година, еве ви идеална прилика истиот да го дополните со овие факти и докази! Бараме итно проширување на истрагата, и следење на секој денар кој се слева на сметките на овие поврзани субјекти. А од министерот Андоновски, кој дозволи неговото министерство да функционира како затворен семејно-деловен круг, граѓаните не очекуваат извинувања – туку итна и оставка и одговорност! А одговорност ќе има, рече Фрчкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР