Студентите во Белград, Нови Сад и Ниш денес одбележуваат 22 месеци од уривањето на настрешницата

Од:

Студентите кои ги блокираат универзитетите во Белград, Нови Сад и Ниш денеска со комеморативни собири и прошетки ќе одбележат 22 месеци од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, каде на 1 ноември 2024 година се урна настрешницата, при што загинаа 16 лица, а едно лице беше тешко повредено.

Во Белград, студентите најавија собирање во 19 часот на Савскиот плоштад. По студентските говори, учесниците ќе се упатат пеш низ улицата Кнеза Милоша до железничката станица Белградски центар, каде ќе им оддадат почит на жртвите со 16 минути молчење.

Во Нови Сад, Хорската мрежа и студентите во блокада ќе се соберат кај железничката станица во 11:52 часот и со 16-минутно молчење ќе се сетат на загинатите.

За вечерва, од 19:45 часот, е најавен уште еден собир на раскрсницата во близина на зградата на Нафтената индустрија на Србија. Оттаму учесниците ќе започнат комеморативна прошетка кон железничката станица.

И во Ниш ќе биде одржан комеморативен собир во 11:52 часот. Присутните со 16 минути молчење ќе им оддадат почит на 16-те жртви од уривањето на настрешницата во Нови Сад.

Комеморативните активности се одржуваат во знак на сеќавање на жртвите и со барање за одговорност за трагедијата што ја потресе Србија.

Би можело да ве интересира

„Борба до слобода“, рекоа студентите на антивладиниот протест во Нови Сад

Горан Наумовски

Неколку илјади граѓани и студенти на студентски митинг во Нови Сад

Горан Наумовски

„Сè започна тука“: Студентски протест во Нови Сад, поставени штандови пред главниот дел од програмата

Горан Наумовски

Маж падна од Петроварадинската тврдина – во несвест пренесен во болница

А1он

Брнабиќ: Статијата на „Форбс“ открива поради што се случи трагедијата во Нови Сад

Пронајдено e петгодишното девојче кое исчезна во Нови Сад

А1он