Најмалку две лица загинаа, а уште 14 се водат како исчезнати откако поплава предизвикана од монсунска бура го погоди Големиот Кањон. Габриел Бергеман и Дејвид Грегори изјавија за „ABC News“ дека во саботата пешачеле по дното на националниот парк. Службениците на паркот им рекле брзо да го преминат пешачкиот мост над надојдениот поток за да стигнат на безбедно. Бергеман вели дека само десет минути откако преминале на другата страна, надојдената вода го однела целиот мост.
More than a dozen people are feared missing after deadly flash flooding in the Grand Canyon. pic.twitter.com/Kz0rebnRYq
— ABC News (@ABC) August 31, 2026
„Да не ни кажаа дека мора веднаш да се евакуираме, не мислам дека многумина од нас ќе преживееја“, изјави тој за „ABC News“.
Грегори додаде дека нивото на потокот што го преминувале постојано се зголемувало.
A deadly wall of water tore through the Grand Canyon over the weekend, leaving one person dead and about 15 others missing as crews race to search the devastated terrain.
The flash flood ripped through Bright Angel Canyon and the Phantom Ranch area, destroying nearly all… pic.twitter.com/UEbUFEAPjx
— Fox News (@FoxNews) August 31, 2026
„Сè на што можев да мислам беше дека, ако некој падне во потокот, нема да има начин да излезе“, рече тој.
Управата на Националниот парк „Голем Кањон“ потврди дека во поплавеното подрачје е пронајдено второ тело. Потрагата по уште 14 исчезнати лица продолжува.
Сопругата на едно од исчезнатите лица објавила на Фејсбук дека станува збор за д-р Џон Гисти, киропрактичар од Њујорк. Тој бил дел од група планинари кога поројот го погодил подрачјето каде што кампувале.
JUST IN: 2 people have died and 15 remain missing after flash floods at Grand Canyon National Park in Arizona. pic.twitter.com/funHaGcTYF
— Scope Report (@ScopeReport_) August 31, 2026
Службениците на паркот потврдија дека во саботата со хеликоптер биле евакуирани повеќе од 60 лица, главно планинари и кампери, од областа Фантом Ранч и долниот дел од патеката Норт Каибаб.
Поројната поплава ги погодила областите Брајт Енџел Кањон и Фантом Ранч околу 14:30 часот по локално време, по силен монсунски дожд.
Ерика Виола и нејзиниот сопруг Скот Сведин кампувале во кампот Брајт Енџел кога им било наредено да се евакуираат.
„Сцената беше нереална“, изјави Сведин. Тој опиша како се пробивал низ кал и вода длабока до колена за да се спаси.
„Само што слушнавме како луѓето викаат: ’Трчајте, трчајте, трчајте!‘ Бевме околу четириесетмина и трчавме низ длабока, матна вода за да стигнеме до мостот“, додаде Виола.
Таа наведе дека мостот се урнал веднаш откако таа и нејзиниот сопруг преминале преку него. Поројот го претворил потокот во моќна река.
„Штом стигнавме до мостот, бран висок околу четири и пол метри помина низ кампот Фантом Ранч и едноставно ги однесе сите мостови над потокот“, рече Виола.
Таа додаде дека во поплавата ги изгубила повеќето од своите работи.
Управата на Националниот парк (NPS) вчера соопшти дека поројната поплава сериозно ја оштетила инфраструктурата во кањонот. Оштетен е и водоводот Транс-Кањон, кој го снабдува паркот со вода.
„Поројната поплава сериозно ја оштети инфраструктурата долж целиот кањон Брајт Енџел. Речиси сите пешачки мостови над потокот Брајт Енџел се уништени, поради што планинарите не можат да преминат на другата страна“, соопшти NPS.
