Песков: Повикот до Зеленски да дојде во Москва сè уште важи

Од:

Повикот до украинскиот лидер Володимир Зеленски да дојде во Москва и таму да одржи преговори сè уште важи, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Одговарајќи на новинарско прашање дали има промени во понудата на Москва, Песков кратко одговори: „Не, ништо не е променето“.

Песков потсети дека рускиот претседател Владимир Путин повеќепати изјавил оти Зеленски, доколку навистина сака да преговара, може да дојде во Москва.

„Кога станува збор за самит, потребно е да се финализираат одредени договори, а самите договори треба да се подготват во текот на многу сложени преговори“, рече Песков, како што пренесоа руските медиуми.

Портпаролот на Кремљ претходниот ден изјави дека Москва останува отворена за продолжување на преговорите меѓу руската и украинската делегација во Турција, но дека во моментов не постојат неопходни услови за нивно одржување.

Песков тогаш нагласи дека руската страна не се откажува од дијалогот, но дека не гледа подготвеност кај Киев за продолжување на преговорите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зеленски е подготвен на средба со Путин

Катерина Ѓуровски

Ердоган разговараше со Зеленски: Турција е подготвена да стори сè што е во нејзина моќ за мир

А1он

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина се без електрична енергија по нападот

А1он

Лавров: Ако Зеленски сака да се сретне со Путин, ќе мора да дојде во Москва

А1он

Зеленски: Во Турција ќе се одржат важни преговори за ставање крај на војната со Русија

А1он

„Фајненшел тајмс“: Русија бeше подготвена да се повлече во 2023 година, Зеленски го одби предлогот

А1он