Откажан концертот на Дино Мерлин во Краљево, по барањата на ветераните да биде забранет

Од:

Концертот на Дино Мерлин во Краљево, кој требаше да се одржи на 5 септември, е откажан. Од тимот на босанскохерцеговечкиот пејач соопштија дека причината се технички проблеми и неисполнети договорни обврски од страна на компанијата задолжена за продукцијата.

„Принудени сме да донесеме одлука за откажување поради неисполнување на договорните обврски од страна на компанијата DIGI MEDIA PRODUCTION DOO Белград“, соопштија од тимот на Мерлин.

Според нив, компанијата била задолжена да обезбеди продукција, бина и сите неопходни технички услови за одржување на концертот, но договорените обврски не биле исполнети на начин што би овозможил настанот да се одржи со соодветно ниво на техничка и организациска сигурност.

„Безбедноста на изведувачот, публиката и сите учесници на настанот за нас била и останува апсолутен приоритет“, наведоа од тимот.

Откажувањето доаѓа по неколку недели во кои концертот предизвикуваше остри реакции во Краљево.

Дел од здруженијата на воени ветерани и воени инвалиди побараа концертот да биде забранет, а беше покрената и петиција против настапот. Во Краљево беа собирани потписи, а противниците на концертот најавија и протести. Ова дојде откако Босна и Херцеговина како и Хрватска во последнава година редовно ги спречуваат концертите на српските пејачи.

На 26 август, ветерани и други противници на настапот организираа протест во Краљево, со барање концертот да не се одржи.

Во меѓувреме, вчера, 30 август, беше запален дел од објектот на Аеро-клубот „Михајло Петровиќ“, каде што требаше да се одржи концертот. Според организаторите, непознато лице го скршило надворешното стакло и внело запалив материјал. Полицијата извршила увид и за случајот бил известен јавен обвинител.

Сепак, од тимот на Мерлин не го наведоа протестот, барањата на ветераните или вчерашниот инцидент како причина за откажувањето, туку неисполнувањето на договорните обврски поврзани со техничката реализација на концертот.

Би можело да ве интересира

Доли Партон погребана во тесен семеен круг: Последната желба ѝ е исполнета

Од девојче кое живеело во дрвена куќа до жена што изгради империја: Што сè остави Доли Партон зад себе?

Предраг Петровиќ

Умре Шпанецот кој го одгледаa волци

По забраните за српски пејачи во Хрватска и БиХ, сега се бара забрана за Дино Мерлин во Србија

Предраг Петровиќ

Принцот Хари го загуби спорот против „Дејли мејл“ – треба да плати 9,5 милиони фунти

Предраг Петровиќ

Два распродадени концерти за Кание Вест во Санкт Петербург, Кремљ се дистанцира од шпекулациите за Путин

Предраг Петровиќ