Мадуро ги објави првите фотографии од американскиот затвор: „Остануваме силни, Венецуела повторно ќе се роди“

Од:

Поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро ги објави првите фотографии од американскиот притвор, речиси осум месеци откако американските сили го уапсија во Каракас и го префрлија во САД.

Фотографиите се направени на 25 јуни во Метрополитенскиот притворски центар во Бруклин, Њујорк, каде Мадуро го очекува судењето заедно со неговата сопруга Силија Флорес. На фотографиите тој е во затворска облека, се насмевнува и покажува знак на победата.

„Сакам да знаете дека стоиме цврсто, со срца исполнети со вашата љубов“, порача Мадуро во објава на социјалните мрежи.

Фотографиите ги опиша како „мал подарок од љубов и надеж“ за неговите внуци, децата и поддржувачите.

„Ќе останеме силни, спокојни и самоуверени. Бог е со нас. Бог ќе се погрижи. Венецуела повторно ќе се роди“, напиша тој.

Судењето ќе започне во јуни 2027 година

Мадуро и Флорес се во притвор без можност за кауција, откако американските сили на 3 јануари ги заробија за време на воена операција во Каракас.

Американскиот федерален судија Алвин Хелерстајн одреди судењето да започне на 1 јуни 2027 година.

Мадуро и Флорес се соочуваат со обвиненија за заговор за наркoтероризам, внесување кокаин во САД и други обвиненија поврзани со оружје. Американските обвинители тврдат дека соработувале со наркокартели за да внесат големи количини кокаин во Соединетите Американски Држави. И двајцата се изјаснија дека не се виновни.

„Сè уште сум претседател на мојата земја“

На првото појавување пред американскиот суд во јануари, Мадуро ги отфрли обвиненијата.

„Јас сум пристоен човек. Сè уште сум претседател на мојата земја“, изјави тој тогаш.

Неговите адвокати ја оспоруваат и самата можност за кривично гонење, тврдејќи дека Мадуро ужива имунитет како шеф на држава. Судот треба да се произнесе за прашањето на имунитетот пред почетокот на главното судење.

Мадуро (63) и Флорес (69) до понатамошно остануваат во притвор во Бруклин.

Би можело да ве интересира

Азгади: Иран да примени „венецуелско сценарио“ кон Трамп

Николас Мадуро и неговата сопругата се сместени во озлогласен затвор во Бруклин

А1он

Делси Родригез положи заклетва како привремен претседател на Венецуела

„Вашингтон пост“: Трамп не сакам Мачадо да е „шеф“ во Венецуела

Мелони: Народот на Венецуела добива надеж со заминувањето на Мадуро

Русија притиска: САД да ги ослободат Мадуро и неговата сопруга