Србинка падна додека возеше џет-ски во Грција и загуби свест

Од:

Државјанка на Србија се здоби со повреди вчера попладне додека возеше џет-ски во водите кај Гларокавос, во општина Касандра, на Халкидики.

Триесет и шестгодишната жена претрпе повреда на главата откако падна во морето за време на возењето и изгуби свест, пишува „Катимерини“.

Прва помош ѝ пружиле нејзиниот сопруг и одговорното лице од објектот за изнајмување опрема за водени спортови, по што таа со брза помош беше пренесена во Здравствениот центар во Касандра, потоа во Општата болница на Халкидики, а оттаму во Општата болница „Папаниколау“ во Солун, каде што е задржана на испитување.

Второто пристанишно одделение во Неа Мудања при Централната пристанишна управа на Солун, кое спроведува прелиминарна истрага, го уапси 53-годишниот управител на компанијата поради прекршување на членовите 306 од Кривичниот законик (што се однесува на изложување на опасност) и 314 (што се однесува на телесна повреда од небрежност).

Тој е уапсен бидејќи ѝ изнајмил џет-ски на 36-годишната жена иако таа немаше соодветна дозвола за управување со пловилото.

Би можело да ве интересира

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он