Денеска топло со умерена локална облачност, попладне нестабилно

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови.

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.

За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло до 37 степени

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

(ВИДЕО) Доаѓа најсилниот Ел Нињо во историјата

Денеска сончево и многу топло, до 40 степени

Следува период на сончево и многу топло време – над 40 степени

Горан Наумовски

Денеска сончево и топло со локална облачност, попладне во планинските региони можен дожд