Чад и миризба во Скопје од пожарот на Китка

Од:

Густ сив чад денеска го прекри поголемиот дел од Скопје, а граѓаните пријавуваат и интензивен мирис на изгорено. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии и видеа од различни делови на градот, каде видливоста е намалена поради чадот.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека чадот во Скопје доаѓа од пожарот во реонот на Китка, на територијата на општините Студеничани и Зелениково.

„Зачаденоста на градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково. На тој пожар до сега дејствуваше хеликоптерот на МВР“, велат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Вкупно 46 пожари на отворено, седум активни, еден под контрола

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати