Ранети се двајца скопјани – пукано e кон нивниот автомобил во Арачиново

Од:

МВР информира дека денеска во 05:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул „18“ во с. Арачиново се слушале истрели од огнено оружје.

Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки во кое биле И.И.(34) и Ш.И.(42).

Притоа, тие се здобиле со повреди и биле пренесени во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Гори депонија во близина на Арачиново

Горан Наумовски

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

26 години од загинувањето на тројцата полицајци кај Арачиново

Ангелов: Пожарот во депонијата кај Арачиново е подметнат

Гори депонијата во Арачиново

Горан Наумовски

Уапсени се три лица за вчерашната престрелка во Тетово