ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

Од:

На ДУИ ѝ поминаа две децении на власт, во тендери и апашлак, па очигледно не ѝ останало време да ги научи законите. Откако не им помина приказната за Беса, сега се фатија за Алтернатива, а никако да откријат дали ДУИ навистина ја води Али Ахмети, Бујар Османи или Артан Груби од куќен притвор, стои во соопштението на ВРЕДИ. Следува интегрално:

Наместо да тропаат глупости за некаква измама, треба да знаат дека ВЛЕН на локалните избори не настапи како регистрирана политичка партија.

Со победата во десет општини, партиите што го сочинуваа ВЛЕН стекнаа конкретни права и обврски што произлегуваат од изборниот процес. Токму затоа преминувањето на петте политички фактори во ВЛЕН како единствена партија се одвива во фази, во согласност со законите и постапките што ги налага регулативата.

Тука нема никаква тајна и никаква измама. Има само законска постапка што ДУИ или не ја разбира или намерно се преправа дека не ја разбира за да произведува евтина пропаганда.

Алтернатива, Беса, Демократското движење, Алијансата за Албанците и Самоопределување ќе останат трајно во меморијата на албанскиот народ како политичките фактори што ја поразија ДУИ, а ВЛЕН ќе го прати во трајна политичка пензија нереформираното раководство од Мала Речица, кое функционира како политбиро.

Би можело да ве интересира

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Гори насекаде, 17 пожари до 13 часот

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка

Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница