ЦУК: Пожарот во Церово будно се следи, екипите со максимален ангажман на терен

Од:

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али моментално е на терен заедно со командантот на ТППЕ Тетово, Авни Ахмети и ја следат состојбата со пожарот што го зафати селото Церово, Општина Желино. На терен се ангажирани екипите на ТППЕ Тетово, кои со максимален ангажман работат на локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење, информира ЦУК.

Оттаму посочуваат дека екипите работат на терен за справување со огнената стихија, со цел пожарот што поскоро да биде ставен под контрола.

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и совесни, особено при движење и престој на отворен простор, со цел да се спречи избувнување и ширење на пожари.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Десет пожари на отворен простор, активни се шест

ЦУК: Пет активни пожари, два се под контрола

Горан Наумовски

Осум пожари се активни во земјава, 13 се изгаснати

ЦУК: Четири активни пожари се на отворен простор, два се под контрола

Активни се три пожари, еден е под контрола

ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, три се под контрола