Фудбалерите на Шахтјор од Доњецк успеаја да ја освојат титулата шампион на Украина, прeстигнувајќи го тимот од Черкаси во самата завршница.
Титулата им обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Поради нестабилната политичка ситуација и конфликтите во земјата, популарните „рудари“ натпреварите од елитното натпреварување ќе ги играат на неутрален терен.
Одлучено е ривалите да бидат пречекани на стадионот на Челси, пренесува Фабрицио Романо.
– Играњето на нашите натпревари од Лигата на шампионите како домаќини на „Стемфорд Бриџ“ е посебна можност за Шахтјор. Му благодариме на фудбалскиот клуб Челси за можноста да бидеме домаќини на овој посебен стадион – се наведува во соопштението.
Шахтјор, заедно со 28 други екипи, обезбеди место во елитата, а се чекаат уште седумте победници од плејофот пред ждрепката. Украинскиот клуб играше во четвртфиналето во 2011 година, кога беше елиминиран од Барселона, а сега е редовен учесник во групната фаза.
Исто така, не треба да се заборави дека сопственик на Челзи одредено време беше рускиот милијардер Роман Абрамович, кого на чело на клубот го замени Тод Боли. Сепак, тој го прослави клубот од Лондон додека беше негов прв човек.
„Стемфорд Бриџ“ е отворен уште во 1877 година, што го прави еден од најстарите фудбалски објекти во светот. Иако првично бил наменет за атлетски натпревари, од 1905 година станал официјален дом на фудбалскиот клуб Челси, кој го користи и денес.
Самиот стадион има капацитет од нешто повеќе од 40.000 седишта.
